Дијалектен збор - категорија

ха повеќе

Вид збор: Префикс
Почетен слог во многу зборови од турско, персиско и арапско потекло: хабер, хаби, хава, хазно, хаир и сл.

хара повеќе

хараат
Вид збор: Глагол, несвршен
опустошува, уништува, разорува
Англиски: devastate, ravage Српски: харати

хе повеќе

Вид збор: Префикс
Почетен слог од некои зборови од турско, персиско или арапско потекло: хеким, хелбете, хендек, хептен и сл.

хероина повеќе

Види и: херој (м.)
мн. хероини
Вид збор: Именка, женски род
За жена херој.
Англиски: main character

хорал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сад; поголема вреќа.

хоратува повеќе

хоратуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
говори, разговара, прикажува
Примери:
Седнаа и фатија да хоратуваат.

хоџабашија повеќе

Види и: коџабашија (м.)
мн. хоџабашии
Вид збор: Именка, машки род
коџабашија
Турски: kocabaşı

ху повеќе

Вид збор: Префикс
Почетен слог кај некои зборови од турски, персиско и арапско потекло.
Примери:
хуј(лија), хунер, хустабашија, хуќумат, хуџум

хупка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
залак, касај
Англиски: bite

хушка повеќе

хушкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
подбуцнува
Англиски: instigate Српски: хушкати
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш